0 коментари 2 мин. читање 18 јуни, 2012

Facebook го купи стартапот за препознавање на лица Face.com

Гласините беа точни. Facebook за околу 100 милиони долари го купи израелскиот стартап Face.com. Oвој стартап основан во 2007 година, е познат по нивната технологија за препознавање на лице, што значи дека наскоро може да очекуваме уште полесно тагирање на пријателите на милионите споделени фотографии на друштвената мрежата.

Со аквизацијата Facebook ќе ја добие технологијата на Face.com, но и тимот на талентираните програмери.

„Се надеваме дека работејќи директно со Facebook, и придружувајќи им се на нивниот тим, ќе имаме повеќе можности да направиме одлични продукти кои ќе се користат од луѓето – тоа е што и сакавме да го работиме.“, вели тимот на Face.com.

Стартапот има објавено јавно API за да се користи технологијата и од други апликации, што Facebook рече дека ќе продолжи да го поддржува, и ја има мобилнат апликација Klik преку која може да се тагираат Facebook пријателите кои ќе бидат препознаени на фотографиите.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top