Microsoft го претстави „моќниот и евтин“ Lumia 830

во Општо

Microsoft не забавува со презентирање на нови телефони од поранешната Nokia, сега Microsoft Devices линија. Најновиот уред Lumia 830, кој компанијата го претстави на IFA 2014, доаѓа со мотото „affordable flagship“, или во превод моќен и евтин телефон.

Наизглед телефонот наликува на Nokia 930, пред се поради изгледот, односно алуминиумската рамка околу телефонот и поликарбонатниот заден дел, но со дебелина од 8,5 милиметри е потенок од 930. Идејата на Microsoft е да ја донесе Nokia PureView технологијата на поевтини уреди. За разлика од Lumia 920 која доаѓа со 20MP камера, Lumia 830 доаѓа со задна камера со 10 МР, што со оглед на цената треба да е разбирливо. Покрај ова Lumia 830 ќе биде еден од првите телефони кој доаѓа со Windows Phone 8.1.1 оперативниот систем и можност за активирање на асистентот на Microsoft – Cortana. Што се однесува до хардверот телефонот доаѓа со 5-инчен 720р екран; Gorilla Glass 3; батерија со капацитет од 2.200mAh; процесорот е четиријадрениот Snapdragon 400 на Qualcomm. Телефонот доаѓа со хардверско копче за блендата, што е реткост за телефони од средна класа.

Lumia 830 ќе биде достапна пред крајот на септември насекаде, а цената на телефонот е 330 евра.

[youtube]Sb5McfPga4Q[/youtube]

[youtube]-sKyZZF6YjE[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk