Microsoft го претстави HoloLens 2

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Image courtesy of Microsoft

Како што најавија така и направија, Microsoft на MWC  во Барселона ја претстави втората генерација на HoloLens. Уредот го претставија директорот на HoloLens Алекс Кипман и директорот на Microsoft, Сатја Надела. Фокусот на почетокот секако е на хардверот, но за вистински зрела платформа далеку поважен е софтверот, а Microsoft овојпат ги претстави и двете.

Microsoft HoloLens 2 e подобар од претходникот, а од компанијата се фокусираа на три елементи, имерзивност, удобност и време-за-вредност.

Новиот уред има двапати пошироко поле на кое се гледаат холограмите. Ова беше и сè уште е една од најчестите забелешки кога очилата за проширена реалност се во прашање. Надградбате е направена со нов дисплеј кој овозможува сите новини да бидат без промени во квалитетот и во потрошувачката на енергија. Дополнително, компанијата за оваа верзија има нов сензор за длабочина, кој во комбинација со вештачката интелигенција овозможува манипулација со холограмите. Манипулацијата е интуитивна и е иста како во реалноста да се поместува или завртува некој објект.

Центарот на гравитација на HoloLens 2 е поместен што го прави уредот поудобен за подолго носење, а со тоа и за користење. Дополнително се користат и нови материјали и секој уред може да го користи секој без премногу промени. Тимот дел од развојот го поминал и во проценка на изгледот на главата и коските на главата, па сега една големина е доволна за сите, или барем за поголемиот дел корисници. Според Microsoft корисниците ќе можат да го носат HoloLens 2 со часови пред да почувствуваат непријатност.

Веројатно најважната промена сепак не е во хардверот, туку во функционалноста на Dynamic365. Преку облакот компаниите ќе може да го користат HoloLens 2 за креирање на туторијали, па дури и сериозни и комплексни упатства за вработените. Токму ова ќе биде начинот на кој компанијата ќе заработува од HoloLens. Услугата е достапна преку претплата, поточно комбинација од претплата за услугата и своевидно купување на рати на HoloLens. Веројатно најдобар начин за објаснување на ова е преку цената. HoloLens 2 ќе чини 3 500 долари, ова е висока цена, но сепак е 1 500 долари поевтин од претходниот модел. Сепак со тригодишна претплата на Dynamic 365 remote Assistant, услугата и хардверот ќе го чинат купувачот 4 500 долари, или 125 долари месечно 3 години. Со претплата на 1 година ќе го чини купувачот 3 900 долари,  или 325 долари месечно.

Цента секако не е ниска, но компаниите ќе можат да заштедат на неколку начини. Најпрво за тренинг нема да мора да мора да се менува локацијата, што секако ќе ја намали цената на тренинг на вработените. Второто и веројатно поважно, уредот ќе може да се користи да ја зголеми продуктивноста на секој вработен. Примерот кој го користи Microsoft за да  објасни како функционира HoloLens е следниот:

„Пред мене е теренско возило на кое му недостасува завртка. На страна гледам трепкачки индикатор кој покажува кон кофа со точните завртки. Отидов до таму, се наведнав да погледнам одблизу и земав една. Назад пред возилото гледам листа холографски инструкции која ми кажува и покажува каде треба да се стави завртката. По неколку минути успешно го поправив – под водство на холограм. Со притисок на копче ги исклучувам инструкциите“, велат од Verge.

Она што е најважно за уредот е дека овојпат компанијата го рекламира уредот за професионално користење во погон, во работилница, или во магацин. Целна група на новиот HoloLens се компаниите, а се чини и дека токму тука може да има најмногу интерес за уредите.

Дури и кога корисникот нема да има HoloLens ќе може да пристапи до Dynamic 365 преку iPhone или Android телефон. Преку Azure Remote Rendering на телефонот на корисникот ќе биде испраќана холографската проекција со што ќе може да ги користи Dynamic 365 Remote Assist и Product Visualize.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Што се однесува до иднината на HoloLens, веќе имавме можност да се запознаеме и да ѕирнеме како ќе изгледа следната генерација на уредот. Прочитајте повеќе за претставувањето на HoloLens 2 на MWC во Барселона тука. […]

trackback

[…] се одржува во Барселона. Веќе ве известивме дека Microsoft го претстави новиот модел на HoloLens – HoloLens 2. На ред е нешто што периодов е актуелно кај […]