Microsoft го објави Office 365 за владини институции

Microsoft го објави Office 365 for Government, нова верзија на својот Office 365 сервис фокусирана на владините институции. Office 365 for Government ќе ги нуди истите сервиси како и на обичните корисници, но, со цел поголема безбедоност и приватност на владините документи тие ќе се складираат на посебни места.

Бидејќи безбедноста и приватноста играат голема улога во донесувањето на одлуката за мигрирање на облакот, Office 365 поддржува голем дел од стандардите за безбедност на податоците, како што се: ISO 27001 – сертификат кој Google го доби пред 2 дена, SAS70 Type II, EU Safe Harbor, EU Model Clauses, HIPAA (US Health Insurance Portability and Accountability Act), FEPRA (US Family Educational Rights and Privacy Act), FISMA (US Federal Information Security Management Act). Исто така, од Microsoft најавуваат дека работат на поддржување на CJIS (Criminal Justice Information Security) полисата, а во септември годинава имаат план и да го поддржат IPv6 протоколот.

Ова е само уште еден дел во битката помеѓу Microsoft и Google во придобивањето на владините институции да ги користат нивните облак сервиси. И двете компании веќе имаат склучено договори со неколку институции.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments