Mastercard сака да ги замени платежните картички со биометриски податоци

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Mastercard се подготвува на своите клиенти да им овозможи во иднина платежните картички да ги заменат со биометриски податоци. Компанијата ќе им овозможи на своите клиенти во иднина да го потврдат плаќањето со скенирање на лицето или со отпечатоци на прсти.

Во 5 продавници од „St Marche“ ланецот во Сао Паоло, Бразил, тестовите на технологијата веќе започнаа оваа недела. Покрај ланецот супермаркети партнер на Mastercard во овие тестови е Payface – компанија која е фокусирана на развој на софтвер за препознавање на ликови. Тестовите во Бразил ќе бидат првите, а до крајот на годината се најавени и тестови за Блискиот Исток и Азија, јави Fortune. До крајот на 2022 година, очекувањата се дека плаќањето со скенирање на лик и отпечаток на прст ќе биде достапно и глобално.

„Начинот на кој плаќаме треба да го следи начинот на кој живееме и работиме, нудејќи им избор на потрошувачите со највисоко ниво на безбедност“, вели Аџеј Бала, претседател на Cyber & Intelligence во Mastercard. „Наша цел со оваа програма е купувањето да биде одлично искуство и за потрошувачите и за трговците, обезбедувајќи најдобра безбедност и комфор при плаќањето“.

За употреба на технологијата најпрво е потребно корисникот да го регистрира својот лик или отпечаток на прст преку апликација. Ова може да се заврши или во терминалот на продавницата или преку апликација на телефон. Потоа се додава платежната картичка, а апликацијата ќе ги поврзе биометриските податоци со картичката. Штом ова е завршено корисникот може да купи што му е потребно и на излегување треба само да ја провери сметката и да го потврди плаќањето со својот лик или отпечаток. Mastercard ветува дека со новиот начин на плаќање ќе се скуси времето кое луѓето го поминуваат во чекање на каса.

Проектот треба да биде и своевиден влез на Mastercard во иднината. Ова е една од можностите за наплата кои би можеле да се користат за плаќање во метаверзумот. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments