Гејминг предлози за исполнителен викенд

во гејминг

Пред нас е нов и, пред се исклучително студен и врнежлив викенд. Разбијте ја монотонијата од седење дома со некој од следниве предлози за играње!

Skyguard Arena

Skygard Arena e тактичка turn-based стратегија која од неодамна стана дел од раниот пристап на Steam. Се работи за шаренолика игра во која водите тим од уникатни шампиони. Секој од шампионите се одликува со различен карактер и серија од значајни офанзивни и дефанзивни способности. Дел од способностите ви помагаат за полесно движење низ мапите, како прелетување или телепортирање, дел од способностите се добри за лечење или зајакнување, додека дел се одлични за користење деструктивни напади.

Слично на визуелен роман, развојното студио Gemelli Games раскажува приказна за тоа како огромна катаклизма има допринесено да се поделат луѓето на пет фракции. Во константна битка за ресурси и со цел да се избегне крвава војна, фракциите ги решаваат сите проблеми така што испраќаат нивни шампиони да се борав во специјален турнир. Победникот на турнирот добива мистериозна круна која служи и како исклучително моќен реликт, спосебен или да донесе мир помеѓу фракциите или целосно да ги втурне во безизлезна војна.

Сега за сега, приказната нема да освои награди, но дијалозите се доволно чести и интересни за да успешно да ги разбијат битките. Моментно, на располагање имате девет шампиони. Уникатните способности на шампионите, независно дали се работи за примарна, секундарна или ултимативна способност, може да се комбинираат меѓусебно за да се уништат непријателите на визуелно импресивни начини. Од клучна важност е и криење зад пречки како би го принудиле непријателот да излезе на отворено. Паралелно со тоа, ќе имате за задача и да заробите и да држите одредени места во мапата.

Покрај кампања за еден играч, во Skygard Arena ќе можете и да навлезете во PvP арена и да навлезете во дваесетминутни дуели. Со сите шампиони, можете да правите најразлични тимови и да навлегувате во напревари кои се од релаксирачки или натпреварувачки карактер. Од она што го видовме, Skygard Arena е солидна игра која има огромен потенцијал. Овој потенцијал ќе им се допадне на сите играчи што сакаат да се непреваруваат или пак уживаат во голем предизвик кој проилегува од тактички битки засновани на редови.


Mark of the Deep

Mark of the Deep делува како исклучително интересна акциона авантура со souls-like и metroidvania примеси. Ретко има игри кои обработуваат пиратски теми. Се чини дека Mad Mimic одлично ја доловува мрачната страна на пиратскиот живот и ви дозволува да навлезете во предизвикувачко патување полно со адреналински битки.

Mark of the Deep делува како интересен спој помеѓу Hades и Diablo, дозволувајќи ви да пролетувате низ разноликите мапи со огромна брзина и да се соочувате со најразлични непријатели користејќи импресивни оружја, алатки и способности. Демото одлично ја прикажа атмосферата и адреналинските битки, принудувајќи не да посакуваме многу повеќе.

Играта сеуште не е излезена, но ветува над осумдесет непријатели и 16 босови, како и богати можности за градење билдови. Нема да се покаете доколу решите викендов барем да го проверите демото.


Uncle Chop’s Rocket Shop

Нашиот трет предлог е, исто така, интересно демо за игра која ќе излезе набргу. Uncle Chop’s Rocket Shop е откачена roguelite игра која симулира вршење поправки на вселенски бродови.

Во Uncle Chop’s Rocket Shop имате на располагање еден куп мини игри за поправање најразлични делови од вселенските бродови. Сево ова е уредно спакувано во симпатична графика и впечатлива, но крајно откачена приказна.

Uncle Chop’s Rocket Shop ќе ви дозволи бројни алатки, направи и делови со кои ќе можете да вршите најразлични исправки. Некои проблеми се лесно решаваат, а некои само служат за да се создаде серија од нови проблеми. Со паричките кои ќе ги спечалите ќе можете да ја проширувате вашата работилница и работниот простор. Колку што се посветува внимание на загатките, толку се посветува внимание и на социјализација и интеракција со различни ексентрични ликови.

Поради roguelite моментите, исклучително лесно може да се случи здраво да ги утнете работите во Uncle Chop’s Rocket Shop, да умрете на урнебесно смешен и неочекуван начин и да бидете принудени да почнете одново. Нема ништо лошо во тоа, нели?

Пријатен викенд! Се надеваме дека ќе го поминете со прекрасна игра!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk