Менување на звуци во Windows

во Совети

{mosimage}Ако сакате вашиот оперативен систем и работната околина да ја чувствувате како навистина ваша, тогаш покрај дотераниот изглед по ваш вкус со сите детали: теми, позадини, икони, распоред на работниот простор, почетни програмите итн. веројатно ќе посакате и да ги смените стандардните звуци.

Ова како и повеќето работи за обичниот корисник е едноставно и лесно достапно во Windows и тоа во само неколку чекори.

Доколку користите Windows XP, одете во Control Panel (Start -> Settings -> Control Panel), и отворете Sounds and Audio Devices. Во Vista постапката е скоро иста, со тоа што патеката е Start -> Control Panel -> Sound.

{mosimage}

Во Volume јазичето ќе можете да ја подесите јачината на звукот односно истото она што може да го направите и прекu Volume иконата што ви се наоѓа во tray барот (кај часовникот).

Најзабележливите промени и веројатно она што највеќе ве интересира (а за што и всушност е овој краток совет) е второто јазиче, Sounds.

{mosimage}

Од тука во делот ‘Program events’ како што и сaмиот назив кажува може да ги најдете звуците со кои се проследени сите Windows настани. Па така ќе може едноставно на пример да го смените здодевниот стандарден звук при стартување на Windows со тоа што ќе го пронајдете ‘Start Windows’ настанот во листата и преку ‘Browse’ ќе го изберете звукот кој одсега сакате да го слушате секогаш кога се стартува оперативниот систем. Откако ќе го изберете саканиот звук кликнете Apply за да се ажурираат промените.

{mosimage}

Иста е постапката и за промена на звуковите на сите останати настани кои се наоѓаат во листата како гасење на windows, исклучување на програми, звуците за грешки итн.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments