Google попушта во име на приватноста

во Свет

{mosimage}Факт – доколку сурфате на интернет вашата ИП адреса и тоа што сте го барале ќе биде пратено и снимено. Кој ве прати? Одговорот е – сите. Од порно индустријата која ќе ви нуди секс услуги од вашиот град (од каде го користите компјутерот дознаваат преку вашата ИП адреса), преку трговската индустрија која ќе ви праќа реклами со слични продукти на тие што ги барате, до Google или било кој пребарувач кои го снимаат тоа што сте го барале. И сето тоа без ваша согласност? Но тоа е реалноста за која се уште нема соодведно решение. Сепак живееме во свет на бизнисот, а интернетот овозможува рекламирањето да биде поефикасно. А цената е приватноста.

Во име на приватноста се вмеша комисијата (Аrticle 29 Working party) на Европската Унија, чија работа е да се грижи за заштита на податоците, која побара од Google да ги брише снимените податоци на своите корисници по 9 месеци наместо досегашните 18.

Конкретно Google го чува секое „барање" во „сервер“ дневник кој ги складира сите податоци, од ИП адреси, резултатите од барањето, тоа што е барано до кој пребарувач користите. Така кога барате нешто на Google, на пример ако впишете „macedo" Google ќе ви предложи листа на зборови кои се слични на тоа што го барате. Првиот резултат е секогаш најрелевантниот. Тоа се добива бидејќи Google ги проучува пребарувањата на корисниците.

{mosimage}

Зошто Google ги снима податоците и зошто му се потребни? Изговорот е дека им се потребни за подобрување на пребарувачот. Добар пример е новото истражување на Google кој овозможува да препознава дијалекти и јазици. Лоша работа е што тоа се прави без дозвола на корисниците. Но ако сте корисник на Gmail тогаш вие сте се сложиле на тоа. А сигурно не ги читате „Условите за користење“, нели? При објавувањето на Google Chrome, се појави контраверзност околу „Условите за користење“ на кои мора да се согласите пред да го симнете бесплатниот прелистувач. Со тој документ вие мора да се согласите дека секој сајт и податок кој ќе пројде низ Chrome ќе му биде достапен на Google да прави што сака. По негодување и притисок Google го смени документот, признавајќи дека било погрешно напишано.

Од друга страна Google поради заштита на корисниците е на суд со Viacom, компанија која е сопственик на MTV, VH1 итн. и која го тужи Google за 1 милијарда долари бидејќи Google oдбива да ги даде IP адресите на корисниците на YouTube, во сопственост на Google, a полно со видеа на Viacom.

Google во Јуни 2007 објави дека снимените податоци ќе ги чува 18 месеци, решение за приватноста на која се согласија другите компании чувањето да биде од 18 до 24 месеци, сепак комисијата на ЕУ, откако побара објаснување за времетраењето на податоците, се реши да ги лимитира на 6 месеци, по што сите снимени податоци за индивидуални IP aдреси ќе мора да бидат „анонимни“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments