Ментално здравје и видео игри

во Софтвер

{mosimage} Дали видео игрите помагаат против стресот и депресијата? Според истражувачите од Универзитетот на источна Каролина од Гринвил, САД, видео игрите ни го одвлекуваат вниманието од нашите проблеми. Тоа значи дека кога играме видео игри, па и обични игри како крстозбор, шах или судоку, нам ни се менува моменталната ментална состојба, што е позитивно за намалување на стресот или депресијата.

Кармен Русонеило, кој го води истражувањето на универзитетот, вели за WashingtonPost, дека открил дека некои видео игри не ставаат во ритмична состојба во која може да играме без труд или досада. Како зомби можеби?

Всушност откритието на истражувањето е дека луѓето се стресни и дека кога ќе се обидат да се смират и релаксираат, ним всушност им станува досадно многу бргу, бидејќи нивното тело е навикнато да чуствува мала доза на стрес. Така да играњето одредени игри со мал ментален предизвик не прави без мисли т.е зомби, што и не е толку лошо.

Повеќе детали за истражувањето можете да прочитате во текстот на Washington Post. Во текстот се наведуваат и примери на лица кои патат од депресија и несоница, како и војници под стрес, кои ги користат игрите да се смират или да се одморат.

Додатно за читање : 5 нешта зошто видео игрите се подобри од телевизијата

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments