По неполни две недели од излегувањето, Mass Effect е кракната и пиратските сајтови веќе можат да се пофалат со астрономски бројки од преземања. Кракнатата верзија, меѓутоа, не ја содржи најновата, 1.05 верзија, која значително ги подобрува очите и анимациите.
Како што објаснија од DSO Gaming, најновата закрпа не само што ги провлекува најновите надополнувања, туку и нова верзија за озлогласената DRМ заштита Denuvo. Оваа нова верзија на Denuvo до сега не е кракната од никого, а е присутна и со најновите верзии на Nier: Automata, Dead Rising 4 и 2Dark.
Во деталите за најновата закрпа за Mass Effect: Andromeda не се спомнува надградбата на Denuvo, но DSO пронајде доказ за промената и тоа во главната извршна датотека, која содржи идентични трагови како кај останатите игри потковани со надградената технологија за спречување надворешни подесувања.
Напомена: IT.mk не поддржува пиратерија, нашиот предлог е ако ви се допаѓа играта, купете ја. :)