Artpip е апликација која ја трансформира вашата работна површина во уметничка галерија. На секој час или ден, можете да наместите автоматски да се презема и поставува одредено уметничко дело како ваша Windows позадина. Квалитетот на сликите е од исклучителен квалитет и уметничките дела се испорачуваат во Ultra HD 4K резолуција, што е повеќе од добредојдено за големите екрани.
Artpip ви дозволува да одберете колку често и на каква уметност да бидете изложувани. Згора на ова, постојат опции за изделување на омилените уметнички дела, како и купување физичка репродукција преку сајтот на Artpip.
Artpip е бесплатен и спремен за вдомување во вашите Mac или Windows (64bit) направи!
Нормално, Windows 10 пружа одлични можности за автоматско поставување позадини и сè што треба да направите е или да одберете одредена тема од претходно поставените (со најновото Anniversary надополнување, таквите се дел од продавницата) или пак да симнете одредени позадини во фолдер и да ја насочите алатката за автоматско менување кон фолдерот. Но, доколку сакате секојдневно да ја негувате вашата уметничка душа, а и пријатно да се изненадувате со неочекувани уметнички дела, тогаш Artpip е вашиот програм.