Благодарение на друштвените мрежи и новите технологии, денес за маркетинг агенциите е многу полесно да ги персонализираат своите кампањи. Тие агенции се поуспешни од другите, но нова анализа покажува дека агенциите грешат во своите проценки. Најголем дел од агенциите, дури 64 отсто, во анкета за Forrester одговориле дека нивната персонализација е „добра“. Сепак само 48 отсто користат податоци базирани на однесувањето, а само 16 отсто ги препознаваат потребите на корисниците во вистинскиот момент, истовремено нудејќи реклами низ повеќе канали, пренесува Venture Beat. Студијата е направена со 200 агенции и 1.200 корисници.
Што се однесува до корисниците, само 31 отсто од корисниците сметаат дека им се испорачува персонализирано искуство, а дури 44 отсто од потрошувачите сметаат дека се преплавени со понуди и промоции. Но, она што можеби треба да ги загрижи маркетинг одделите и агенции е што 37 отсто од корисниците веднаш ги бришат имејлите. Она што го покажува добрата практика е креирање на единствена база со информации за корисниците, што би требало во теорија да овозможи подобра интеракција, смета Forrester.