0 коментари 2 мин. читање 22 декември, 2015

LinkedIn вметнува податочна анализа за компаниите за полесно да најдете работа

LinkedIn ќе претстави нови алатки за користење на податоци со кои 400-те милиони корисници ќе можат полесно и подобро да најдат работа. LinkedIn како најголема социјална мрежа фокусирана околу професионалните поврзувања, ќе се обиде да им даде вредност на огласите бидејќи корисникот ќе може да се информира за деталите за компанијата и шансите за вработување, пред да аплицира.

Покрај податоците за позицијата, новите податоци ќе се однесуваат на компанијата, на пример, кој е вработен, споредба со претходно пријавените кандидати и други детали што ќе го олеснат барањето работа. Посетителите на страните на компаниите кои нудат работа, не само што ќе можат да ги разгледаат отворените позиции, туку ќе можат и да разгледаат компаниите кои нудат слични или исти позиции. Корисниците на про-верзијата можат да гледат поопфатна анализа на компаниите – од раст на компанијата, до образовните институции од каде регрутираат и други информации што се важни. Со оглед на тоа дека станува збор за прилично голема промена, во прво време ќе биде достапна на само 10 отсто од профилите. Македонија не е дел од првиот бран промени кој ги вклучува Канада, Индија, Велика Британија, САД и Австралија.

linkedin_company_insights

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top