Марк Закерберг конечно се појави пред Конгресот на САД. За жал, ниту на ова сослушување не дознавме ништо ново.
Сенаторите повторно ги прашуваа истите прашања, и ги добиваа истите одговори. Дел од стандардните прашање беа за руското мешање во изборите во САД, за цензурирањето на десничарските страници, а сега фокус беше и скандалот со Cambridge Analytica.
Едно прашање кое е интересно за медиумите, е дали друштвената мрежа има конкуренти. Г. Закерберг требаше да одбере еден конкурент на Facebook. Иако се обиде да објасни дека друштвената мрежа има конкуренти во различни области, сепак впечатокот е дека не се снајде најдобро со одговорот на ова прашање. Сепак на прашањето „Дали смета дека Facebook e монопол?“ одговори со „Мене не ми изгледа така“.
Дел од сенаторите прашуваа за технички решенија и дали и колкаква регулација би била потребна за друштвената мрежа. Основачот објасни дека не е против регулација, но треба да биде одмерена. Дополнително, прашањата се однесуваа и на најдобриот начин за собирање на податоците. Пример, дали можеби не е подобро корисниците експлицитно да дадат дозвола за собирање, наместо да бараат излез од собирањето податоци.
Г. Закерберг повторно ја објасни разликата помеѓу првата замисла кога како студент ја креирал мрежата и денес. Ако на почетоците сметале дека целата содржина мора да ја модерираат луѓе денес тоа не е случај, па речиси целата работа е оставена на вештачката интелигенција. Вештачката интелигенција не се справува лошо со проблемите, иако е ужасна кога говорот на омраза или повикувањето на насилство е на јазик кој не е англиски. Па и во овој случај сенаторите го добиваа
„Секогаш може подобро одговорот“.
Можеби најинтересното прашање е дали друштвената мрежа и во САД треба да се регулира по примерот на Европа. Во мај Европа ќе донесеригорозен закон за заштита на податоците. Со GDPR се уредува начинот на прибирање и на чување на овие податоци. Компаниите и понатаму може да ги користат податоците, но мора да бидат одговорни. За секое прекршување казните се ригорозни. Максималните казни се 4 отсто од годишните приходи или 20 милиони долари.







