Проектот Hour of Code постави нов рекорд според донациите кои пристигнаа на Indiegogo. Рекордот од 2,8 милиони долари е поставен пред се благодарение на великодушноста на Марк Закерберг и Бил Гејтс кои се и гласноговорници на оваа кампања, но и заговорници на идејата дека во иднина сите ќе треба да имаат барем основно познавање на кодирање.
Средствата од проектот ќе бидат наменети и инвестирани во обука на професори по компјутерски науки кои понатаму ќе ги обучуваат децата. Со оглед на тоа дека станува збор за флексибилна кампања средствата од кампањата ќе пристигнат до Code.org без разлика дали ќе бидат собрани 5 милиони долари или само дел од сумата.
[youtube]ABw4yPFbEjg[/youtube]
Рекордер на Indiegogo е проектот Ubuntu Edge кој собра 10 милиони долари, но сепак стануваше збор за неуспешна кампања бидејќи беа потребни 32 милиони долари. Поради ова средствата од кампањата им беа вратени на донаторите. За разлика од Indiegogo, Kickstarter има неколку проекти кои успеаа да соберат над 5 милиони долари. Проектот Bring Reading Back for Every Child, Everywhere! на Лавар Бартон, Veronica Mars Movie Project, Pono Music, OUYA, Pebble се над 5 милиони, а рекордер е пикник фрижидерот Coolest Cooler со собрани 13,2 милиони долари.
[youtube]D2dgYHwrlt4[/youtube]