Маргрете Вестагер го објасни Digital Markets Act и Digital Services Act

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Apple, Google, Meta и Amazon последниве неколку години се „под лупа“ на неколку различни агенции во САД. Сепак во светот, Европа многу подолго ги разгледува опасните пракси на овие компании. Apple во Европа беше казнет 13 милијарди евра (по жалбата на Ирска судот ја промени одлуката, по што следеше контражалба, па случајот сега е пред Европскиот суд на правдата); Google доби казни од 5 и 1,5 милијарди евра; поситни казни од стотина милиони евра доби и Facebook…

„Заштитно лице“ на Европската Унија во овие одлуки е Маргрете Вестагер. Педесет и две годишната данска политичарка е Еврокомесар за заштита на конкуренција од 2014 година и извршен потпретседател на Европската комисија за подготовка на Европа за дигиталната ера од 2019 година.

Европската комисија работи на нов предлог закон за заштита на конкуренцијата „Digital Markets Act“, но проценува и ризици од куп нови технологии како метаверзум и криптовалути.

Вестагер за дел од овие прашања зборуваше за Decoder на Verge.

Случаи против техничките гиганти

Во моментов во Европа се води истрага за неколку американски компании. Најголемиот случај е отворен за Google и Meta. Истрагата е поврзана со договорот од 2018 година помеѓу двете компании, кои на Google му овозможил да ги уништи своите конкуренти во екосистемот за дигитален маркетинг. Отворена истрага има и за ad-tech стакот на Google. Комисијата има отворена истрага и за Facebook и таа се однесува на рекламирањето на платформата.

Во петокот штотуку отворивме нов случај со Google и Facebook, сега Meta. Се вика Jedi Blue, именуван по кодното име за договорот што се чини дека го склучиле во 2018 година, со цел, навидум, да ги уништат конкурентите на Google во рекламниот екосистем…

Три истраги се отворени и за работата на Apple. Една од истрагите се однесува на музичкиот стрим бизнис на Apple и 30% надоместок за Apple. Вториот случај повторно се однесува на AppStore, но овој пат е поопшта истрага. Последниот случај за работата на Apple со однесува на пристапот до платежната инфраструктура и технологијата на телефонот.

Последен од гигантите чија работа се разгледува во моментов е Amazon. Компанијата има пристап и ги користи податоците од сите продавачи кои продаваат на платформата, но истовремено е и нивен конкурент. Ова на Amazon му овозможува голема предност и го нарушува слободниот пазар. Втората истрага која е отворена за работата на Amazon се однесува на испораките.

Digital Markets Act

Новиот закон кој ќе се однесува на заштитата на конкуренцијата ќе треба да обезбеди едноставна рамка со лесни правила за следење која ќе овозможи поголема конкуренција. Законот ќе овозможи сите големи компании да работат на европскиот пазар, но колку е поголема компанијата, толку е поголема и одговорноста.

Клучно за овие закони ќе биде не само квалитетот на самиот закон, туку и колку ќе може законот да се спроведе на терен. Спроведувањето на законот треба да биде во рацете на комисијата, која ќе соработува со националните агенции за одржување на конкуренцијата.

Една од работите што ги научив во текот на овие седум години [како европски комесар] е дека некои од овие однесувања се системски, и за нив е потребен системски одговор. Мора да бидеме побрзи. Затоа што ако се дозволи незаконското однесување да продолжи, дури и за кратко време, ризикот да претрпат конкурентите – а поради тоа и потрошувачите – е навистина голем. Со Законот за дигитални пазари, сакаме едноставна, фундаментална работа: сакаме пазарот да биде отворен и конкурентен. Значи, да зависи од вашите идеи, вашата работна етика, вашата способност да привлечете капитал, дали ќе бидете успешни со вашите клиенти или не. За жал, поради системската природа на однесувањето, ова не случај денес.

Законот ќе и овозможи на комисијата да додели статус на „Gatekeeper“ на некоја компанија. Штом компанијата е доволно голема да го добие овој статус, автоматски ќе потпаѓа под други законските одредби. Во моментов Европската комисија треба најпрво да докажува дали некоја од компаниите има или нема доминација во својот сектор. Со носењето на Digital Markets Act нема да има никаква потреба да се докажува ова. Штом некоја компанија добие статус на „Gatekeeper“ ќе може веднаш да биде третирана поинаку од помалите компании кои сè уште се во развој.

За да не се повторат случаите во кои гигантите ќе одберат да плаќаат казна наместо да направат промени, со Digital Markets Act ќе има нова алатка со која казните ќе стануваат поригорозни. Конечно постои и алатка која ќе овозможи разделување на компанијата ако нема никакви промени.

Digital Services Act

Digital Service Act е пандан на Digital Markets Act – закон со кој ќе се модернизира е-трговијата, но ја опфаќа и продажбата на илегални содржини, а се однесува и на транспарентен маркетинг и дезинформирање. Законот опфаќа производи, но и содржина.

Законот за дигитални услуги се однесува на содржина, но и на производи. Кога станува збор за производите, платформите би имале обврска да ги познаваат нивните клиенти – да се сигурни дека производите се безбедни, дека луѓето можат да се пожалат на нив, дека ги имаат правата како потрошувачи.

Кога станува збор за содржината, има две обврски. Првата е отстранување на содржините кои се сметаат за илегални, или ако се означени (flagged). Истовремено треба да постои можност за поплака ако содржина е отстранета. Второ, компаниите треба да направат хоризонтална проценка на ризикот, за тоа дали нивните услуги може да се злоупотребат за поткопување на демократијата или да се загрози менталното здравје на луѓето. Доколку се пронајдат овие ризици, треба да се минимизираат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments