0 коментари 2 мин. читање 10 август, 2017

Малициозен код од ДНК може да инфицира компјутери

Иако станува збор единствено за концепт, и наскоро нема да се користи за хакирање на компјутери, истражувачи успеаа да искористат ДНК за инфицирање на компјутер.

Истражувачи од Универзитетот Вашингтон успеаја да инфицираат компјутер со ДНК низа. Секако, ова не е точно во целост. ДНК низата беше искористена како дел од анализирани податоци. Истражувачите потоа искористија постоечки безбедносен пропуст и синтетизираа ДНК-низа во која беше содржан малициозен код.

Истражувачите искористија што ДНК низите A,T,G и C се впишуваат во фиксен бафер. Со оглед на тоа дека се претпостаува максимална очекувана вредност на баферот, може да се искористи „buffer overflow attack“, пренесува TechCrunch.  Алатка за искористување на овој пропуст претходно е инсталирана на компјутерот. Пропустот овозможува активирање на код надвор од дефинираните очекувани параметри.

Потоа истражувачите синтетизираа ДНК низа од 44 бајти. Низата е составена од 4 нуклеобази е A, C, G и T или 00, 01, 10 и 11.

„Четири бајти се користат за функцијата за конверзија да врати system() функција во стандардна С бибилиотека, која потоа извршува shell команди. Четирите следни бајти се користат да покажат каде оваа команда е зачувана во меморијата“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top