Три мали алатки за три големи работи. Што ви треба за да вметнувате забелешки во фотографии, да добиете 500 евра, да уредувате фотографии на едноставен и брз начин или да правите оригинални фонтови?
Алатка која живее за одредена манипулација на вашите омилени фотографии и имплементирање операции како crop, resize, flip или rotate. Со PhotoPad Photo Editor Free можете брзо, бесплатно и брилијантно да имплементирате бројни филтри за суптилни или драстични промени на сликите, како и да отсечете некој дел, да ја намалите големината, или пак да ја промените нејзината перспектива. Пред да усвоите какви било промени, алатката првин ќе ви даде увид за можниот изглед. За сработеното, добивате корисни опции за инстантно споделување на социјалните мрежи и тормозење на сите оние што решиле да ги следат вашите кулинарски способности или љубов кон мачиња, кутриња и други четириножни пријателчиња.
Се присетувате на муабетите дека пукате од креативност и талент, но не знаете на кој начин да го реализирате тоа? Направете нов, рачен фонт и потоа инсталирајте го во Windows оперативните системи и покажете им на сите неверници дека мајка ви била во право.
Уште една бесплатна алатка од Microsoft која ви дозволува да вметнувате забелешки од најразличен карактер во најразлични фотографии од сомнителен карактер. Кога верувате дека времето е пари, а сликовито изразување e закон, алатката е добра за вметнување наши мисли, предлози или критики во какви било скриншотови или фотографии со пенкало, екран на допир, или глувче. За користење на апликацијата, потребно е да сте Windows Insider и, нормално, да сакате да цртате иритирачки и неразбирливи линии од текст.
Mали алатки за големи работи #1 се крие тука некаде.