Упс, Samsung праќа фотографии на вашите контакти

По објавувањето на текстот, добивме реакција од Samsung. Реакцијата ја објавуваме во целост.

Сеул, Кореа
05. Јули, 2018 година

Во врска со пријавениот случај на автоматско испраќање фотографии преку СМС пораки од Самсунг уред:

“Внимателно ги проверивме наодите во изминатите неколку денови, меѓутоа, не се пронајдени ниту хардверски, ниту софтверски недостатоци кои може да бидат релевантни за овој поединечен случај. Иако досега не се регистрирани слични забелешки од корисници на глобално ниво, ќе продолжиме и понатаму да ја истражуваме оваа ситуација. Ги охрабруваме сите корисници кои имаат некакво прашање директно да го контактираат нашиот Центар за Поддршка на Корисници со јавување на телефонскиот број 02 3 207 777.“


Ако ви е потребна причина зошто не сакате да купите Samsung, еве една. Samsung телефоните можат да испратат фотографија на некој од вашите контакти. Ова не е некоја нова функционалност на која Samsung скришно рабoтел, туку баг во Samsung Messenger.

Samsung Messages преку SMS им испраќа слики на некои контакти. Засега нема утврдено некоја законитост по која се одбираат контактите кои ќе добијат слика од уредот.

Корисници на Reddit ги споделуваат своите искуства. RUBSUMLOTION вели дека во 2:30 часот изутрина телефонот пратил галерија фотографии на девојка му. Ако корисникот не бил буден немало ни да знае дека ги пратил сликите. Телефонот нема никаква нотификација дека испратил пораки.

„Неверојатно, телефонот на мојата сопруга го направи истото вчера вечер, а мојот телефон го направи ноќта пред тоа. Мислам дека е нешто со Samsung SMS апдејтот од Galaxy Store. Кога нејзиниот телефон ми ја испрати галеријата, тоа не се појави на нејзиниот уред – и обратно“, вели друг корисник.

Секако праќање на фотографии на членови од семејството е подобра опција од праќање на фотографии на шефот или на некој бизнис партнер.

Она што не е сосем јасно е зошто се случуваат овие непријатности.  Теоријата со најмногу приврзаници е дека надградбата на RCS прави проблеми на Samsung Messages. Тоа секако ниту е, ниту треба да биде оправдание.

Samsung ја потврди веста и објави дека проверуваат што се случува. Сите кои имаат проблем може да ги контактираат на 1-800-SAMSUNG, но тоа е проблем со оглед на тоа дека најголем дел од корисниците и не знаат дека нивните телефони си разменуваат пораки.

Ако сте сопственик на Samsung уред, она што може да го направите сега е од нагодувањата да го изгасите пристапот на Samsung Messages до флеш дискот на телефонот, објасни Verge.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Digilink Konsalting

Java Script Developer

Matrix Global

Fullstack Developer

Matrix Global

QA Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

види ги сите огласи на kariera.it.mk