Малиот стартап Blu Production се надева дека ќе може да се натпреварува со Samsung, HTC, Motorola и LG на пазарот за паметни телефони. Основачот на компанијата Сами Охев-Зион вели дека цената на нивните телефони ќе биде 299 долари а ќе бидат со ист квалитет како конкуренцијата, пишува The Verge.
Идејата е ако се исклучат сите непотребни трошоци цената на телефоните е приближно иста, околу 300 долари. Ова ќе биде цената и новиот телефон на оваа компанија. Bly Life има 5-инчен HD екран, 13 MP камера и Android 4.2, но уште поимпресивно изгледа огромниот Blu Life View, со 5.7-инчен екран, камери со резолуција од 12 и 5 MP. Останатите телефони од Life-линијата може да ги разгледате тука.
„Цената на Nvidia процесорите и Sharp дисплеите е иста за сите производители, тоа што ја крева цената е: одделот за човечки ресурси на HTC, 9-цифрениот марекетинг буџет на Samsung, облакодерот на Sony во Њујорк.“, вели г. Охев-Зион.
Иднината на компанијата изгледа безбедно од продадени 70.000 телефони во 2009 год. до 4,1 милиони продадени минатата година. Blu Production се фокусирани на Латинска Америка што е еден од најбрзо растечките пазари за паметни телефони во светот, а со пораст на пазарот ќе реста и компанијата предвидува г. Охев Зион.
„Погледнете го Nexus 4, се продава во првите 5 минути кога ќе се појави на Google Play. Телефонот е целосен успех и е доказ дека корисниците не сакаат да бидат заглавени со две годишен договор.“








