По верзијата со Ештон Кучер како Стив Џобс и верзијата на Аарон Соркин, ќе има и трета верзија на автобиографијата на култниот директор на Apple. Најновата верзија ќе биде во продукција на Funny or Die и се вика iSteve, јавува New York Times.
Филмот е со траење помеѓу 60 и 70 минути, а својата интернет премиера ќе ја има на 15 април. Главната улoга во филмот ја има Џастин Лонг познат по Galaxy Quest, Dodgeball, Die Hard и по своите улоги во ТВ-серии. Интересно е што г.Лонг беше избран да биде „гласот“ на Mac во Mac vs PC рекламите. Режисер на iSteve е Рајан Перез, кој на Funny or Die работи и на пародијата на Zero Dark Thirty. На филмот работат и Џејмс Урбаниак како Бил Гејтс, Михаела Ваткинс во улога на Мелинда Гејтс, а во улогата на Стив Вознијак е Jorge Garcia.
Филмот не се обидува веродостојно да ја раскаже животната приказна на г. Џобс и авторите самите признаваат дека истражувањето за филмот го направиле на Wikipedia. Целта на филмот е пред се да биде забавен, но не и навредлив, па продуцентот на филмот Алисон Хорд смета дека: и наојстриот „fanboy“ критичар ќе биде во можност да се насмее со нас.
Сценариото на филмот е напишано за 3 дена, а филмот е снимен за пет дена. Останува да ја почекаме премиерата закажана за помалку од еден месец.







