Иднината е на 3Д принтерите, кои не само што овозможуваат принтање на делови, елементи, фигури какви што ќе ви текнат, туку стануваат и се подостапни на пазарот. MakerBot конечно го најави излегувањето на својот 3Д скенер кој чини 1.500 долари, а на пазарот ќе се појави во октомври. Цената можеби се уште е скапа за многумина, но сепак е колку и еден малку посеризен персонален компјутер или Mac.
„Носење на MakerBot Digitizer Desktop 3D беше нашата цел за оваа година. Навистина сме возбудени поради ова. Ова е иновативен продукт за визионери, корисниците кои рано прифаќаат технологија, експериментатори, корисници кои ќе го користат во образoвaнието, хобисти, 3Д скулптори, моделари, архитекти и сите оние кои сакаат да постанат првите експерти во 3Д скенирањето.“, вели MakerBot.
Според компанијата, MakerBot Digitizer регистрира доволно точки за да креира околу 200.000 триаголници за секој 3Д модел. Може да забележи разлики во површината до 0,5 mm и разлики во длабочината до 0,5 mm. Точноста со која работи скенерот е ± 2 mm, а точноста се однесува на целиот модел, а не на поединечните точки кои ги регистрира скенерот.
Доколку цената од 1.500 долари сепак изгледа превисока, канадскиот стартап Mateform, веќе објави дека работи на Photon 3Д скенер кој ќе чини околу 500 долари. Интересно, ова ќе биде и првиот продукт од MakerBot откако беа купени од Stratasys за 400 милиони долари.
[youtube]9GfnKKczec0[/youtube]