0 коментари 2 мин. читање 27 август, 2013

Facebook ќе дозволи заеднички фото албуми

Друштвената мрежа најави дека корисниците ќе можат да имаат заеднички фото албуми. Со овие албуми повеќе корисници ќе можат да закачуваат разни фотографии во еден албум. Еден заеднички албум може да се сподели со максимално 50 корисници, кои пак ќе можат да закачат до 200 фотографии, или 10.000 фотографии вкупно. Поединечен корисник може да закачи максимално до 1.000 фотографии во еден албум.

„Сега, ако сте биле на журка и има три различни албуми, тогаш може да испуштите некоја фотографија поради подесените опции за приватност, што е збунувачки и фрустрирачки.“, вели софтверскиот инженер на Facebook, Боб Балдвин.

Mashable, на кои Facebook им ја откри новината, велат дека заедничките албуми ќе имаат опција да бидат приватни, да се споделат со пријателите на соработниците или само со соработниците. Сите корисници кои го споделуваат албумот ќе можат да бришат фотографии, но само тие кои ги закачиле сликите ќе можат да ги едитираат. Опцијата нема да биде достапна за фан страните.

Заедничкиот албум е резултат на познатите Facebook-ови хакатони на кои инжинерите, во два дена без прекин, може да креираат и тестираат нови функционалности на мрежата.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top