Македонските телевизии се дигитализираат – што e потребно да знаете

во ИТ.МК

Сигурно веќе слушавте за дигитална телевизија и дигитализирање на аналогниот сигнал на националните и регионалните телевизии во земјата. Имено, тоа што треба да знаете е дека во јуни 2013 година телевизиите ќе треба да го исклучат својот аналоген систем и да се префрлат на дигитални ТВ сигнали.

Што значи тоа?

Дигиталната телевизија е сервис кој за пренос на слика и тон до вашите ТВ приемници ја користи истата инфраструктура како и аналогната телевизија, само со унапредена техника која овозможува да се пренесуваат повеќе податоци во помал радио спектар, ослободувајќи го за други услуги како безжичен интернет. Предностите на дигиталната телевизија се тоа што ќе немате проблеми од типот „снег на сликата“ и слично, кои кај аналогната телевизија настануваа поради слаб аналоген сигнал, иако пречките кај дигиталната програма може да биде несинхронизирано аудио со видео, или смрзнување на сликата.

Покрај стандардниот квалитет (SDTV), подобрениот сигнал овозможува да се пренесуваат поголем број податоци и со тоа да се обезбеди слика со висок квалитет (HDTV) со резолуција до 1920 × 1080 на 60 Hz, што е познато и како 1080p.

Дополнително, дигиталниот пренос на корисниците им овозможува да користат и EPG (Електронски водич за ТВ програмата), избор на превод и избор на јазик (MaxTV го нуди тоа). Исто така, со помош на EPG ќе можете да ја снимите и вашата омилена емисија во определено време.

Што е дигитален ТВ тунер? Дали може да се купи, колку пари е и за што служи?

Пратењето на дигиталната телевизија (DVB-C) е возможно доколку имате телевизор кој има вграден DVB-C тунер или одговарачки STB (Set Top Box). Set Top Box е надворешен уред кој се поставува покрај вашиот ТВ приемник и со негова помош ја следите програмата во дигитален квалитет. Моментално, таква опција кај нас нудат MaxTV, BoomTV, ТелеКабел, Blizoo и уредите може да се набават од нив.

Но, бидејќи веќе целиот свет се дигитализира, па и новите телевизори доаѓаат со вграден DVB-C тунер можеби и нема да имате потреба од дополнителен уред. Затоа, пред и вие да се дигитализирате, проверете дали веќе вашиот телевизор поддржува дигитален сигнал.

Во случај да не сте во можност да си обезбедите приемник или соодветен телевизор, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) вети дека ќе излезе во пресрет и ќе обезбеди околу 40.000 приемници за семејствата кои не се во можност да купат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
15 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Nemam ime
Nemam ime
10 years ago

Kako da gi odkodiram programi na Set Top Box imam samo 11 a ostanatite se kodirani

Goran
Goran
11 years ago

kako da go povrzam set top box imam tv quart nekade 9 god star ama nebiva nikako i skar kabel so pinovi nabaviv posto TV priemnikonema skart
gi menjav pinovite i nejke i nejke da skenira ili sto treba da pravi 4se javiv u One od kade go kupiv velar iskluci go ukluci go a nema vrska toa
sto e rabotava pojma nemam a nemame za nov Lcd ili Led Tv so vgraden da recam resiver

Stefan
Stefan
11 years ago

Kako se instalira Set top box?

Psy
Psy
12 years ago

Зависи од модел/производител (1500-3000), најлесно ќе најдеш во некој кабелски оператор.
Ако купувате ТВ барајте да има вградено DVB-C i DVB-T, така да и од кабелски и од антени ке гледате дигитално.

Somebody
Somebody
12 years ago

А колку кошта дигитален ТВ Тунер или Set Top Box да се купи, и од каде може да се купи?

Boris
Boris
12 years ago

Razlikata pomegju DVB-C i DVB-T e vo frekfentniot opseg na t.n. "Transponderi" i vo nacinot na modulacija na prenosniot signal. I dvata sistemi kako nosac na materijal koristat MPEG2/MPEG4 format.

Оливер
Оливер
12 years ago

На почеток има печатна грешка: "Сигурно во веќе слушавте".

И се слагам со горните коментари дека сте ги помешале поимите DVB-T/C/S, и сте го испуштиле BoomTV како најдобар пример за дигитална терестриална телевизија.

Стефан Јевтиќ
Стефан Јевтиќ
12 years ago

DVB-T е терестриално, т.е. тоа што ќе ја замени аналогната телевизија.
DVB-C е дигитална кабелска, и скоро нема никаква врска со терестриалната. Кабелските оператори најчесто користат и Аналоген и Дигитален пакет, епа аналогниот ќе го укинат, а на негово место ќе дојде моќниот дигитален.
DVB-S е дигитална сателитска, која се практикува уште од поодамна.
DVB-H ти е дигитална телевизија која се емитува преку мобилен.

И ќе молам администраторот да ги исправи некои од греките:

… избор на превод и избор на јазик (MaxTV го нуди тоа) … Тоа го нуду секој оператот на елетронски комуникации

Пратењето на дигиталната телевизија (DVB-C) е …. Под дигитална телевизија се подразбираат и: DVB-S/S2, DVB-C/C2, DVB-H, DVB-SH, како и основната DVB-T/T2. Кај DVB-C треба да Ви стои DVB-T

… кој има вграден DVB-C тунер … Новите телевизори покрај DVB-C за кабелските оператри, имаа и DVB-T кое ни е потребно.

… нас нудат MaxTV, ТелеКабел, Blizoo и уредите може … А каде Ви е BoomTV од One кој е единствен DVB-T оператор, кој е најдобар пример за оваа статија, каде Ви е и TotalTV која нуди ресирвери (т.е. уреди), а каде се некои поголеми локални оператори, за кои сум 99% сигурен дека нудат ?

Се надевам дека ќе биде се' ова поправено, и помогнав околу некои неодговорени прашања.

Boris Kuzmanov
12 years ago

Благодарам на критиките. Околу изборот на превод и јазик, освен кај МаксТВ не сум ги сретнал кај други.
DVB-C е DVB стандард за испраќање на дигитален телевизиски сигнал во кабелските мрежи, а DVB-T е за дигитална национална телевизија. Во принцип тоа е тоа.

Локалните не можеме да ги спомнеме сите, не ги ни знаеме. Тие што ги додаде, сум ги испуштил. Луѓе сме, забораваме. :)

Поздрав

gdamjan
gdamjan
12 years ago
Reply to  Boris Kuzmanov

MaxTV користат proprietary технологија и не е DVB-*

mejs
mejs
12 years ago
Reply to  Boris Kuzmanov

Да не е грешка она со 1080p, пошто хд канали се на 720p или 1080i…

stole
stole
12 years ago

се работи за dvb-t

тотето
тотето
12 years ago

Ова требаше да се направи уште од пред 5-6 години.

Neznajko
Neznajko
12 years ago

DVB-T slicno e so DVB-C? ako znae nekoj koja e razlikata i ako moze da objasni kje ve molam

Бобан Кметовски
Reply to  Neznajko

DVB-T (terestrial) наместо DVB-C (cable). Со првото се зрачи во етер дигитален сигнал, со второто се праќа дигитален сигнал преку кабел – случај со дигиталните канали на кабелските оператори.

ит кариера

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk