Македонски Телеком ja има најдобрата мрежа во Македонија според резултатите од тестирањето на P3 Communications

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Македонски Телеком е операторот со најдобра мрежа во Македонија во 2018 година според резултатите од тестирањето на компанијата P3 Communications, која на Македонски Телеком му додели P3 „Best in Test“ сертификат –меѓународно признание за квалитетoт на мобилната мрежа.

„Мрежата е нашиот најголем адут и ова признание е потврда дека сме на вистинскиот пат. Ќе продолжиме со инвестиции, ќе продолжиме да вложуваме во најмоќната мрежна инфраструктура во земјава. Нашите амбиции се не само да овозможиме врвни услуги за корисниците туку да станеме лидер во дигитализацијата на општеството, процес што сè повеќе се наближува“ – истакна Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

Мерењето, спроведено во ноември годинава, тврди дека мобилната мрежа на Македонски Телеком ги има најдобрите резултати и за мобилен интернет и за говорни услуги. Оваа година, компанијата го достигна највисокиот резултат досега измерен во Македонија, со 907 од 1.000 можни поени, што покажува подобрување во мрежата на Македонски Телеком.

Извор: P3 Communications

Извор: P3 Communications

P3 сертификатот е независен резултат од тестирањето на мобилните мрежи, кој се базира на споредба на конкурентите на одреден пазар. Денес, со P3 методологијата се евалуираат повеќе од 200 мобилни мрежи во 75 земји во светот, што претставува стандард за компаративно мерење на корисничкото искуство, квалитетот и перформансите на мобилните мрежи.

Повеќе информации на www.p3-group.com/en/macedonia

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments