Македонската асоцијација за развивање игри го најави GGJ 2018

Македонската асоцијација за развивање игри -МАГДА го најави одржувањето на Global Game Jam Macedonia 2018. Настанот се одржува глобално, а шеста година по ред ќе се одржи и во Македонија. Оваа година настанот е закажан за последниот викенд од јануари од 26 до 28 јануари.

Засега организаторите сè уште ги одредуваат локациите и дополнително работат на обнова на веб сајтот и надополнување на информациите. Еве ги советите за тоа како најдобро да се подготвите за 26-ти:

  • Треба да ја загреете машината
  • Направете простор и ослободете го тој викенд
  • Набавете си WiFi стикче (доколку сте со PC)
  • Изиграјте 150 игри дотогаш
  • Најдете продолжен кабел (не им го земајте на домашните, мораат да гледаат турски серии)
  • … чекајте да биде објавена локацијата и отворени регистрациите.

Минатата година на две локации во Скопје и Битола 150 учесници креираа 24 игри. Година претходно, 200 креативци креираа 27 игри. Според бројот на жители креаторите на видеоигри беа во првите 5 на листата на учесници и креирани игри.

Global Game Jam е хакатон во кој во 48 часа, ентузијасти поделени во тимови креираат видеоигри. По 48-часа, помалку преморени, но секако презадоволни, си одат дома во исчекување на следната година.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk