40% од пораките на Тwitter се глупости

во Веб

{mosimage} Истражувањето на Pear Analytics, американска компанија за маркетинг истражувања, покажало дека 40 отсто од сите пораки кои корисниците ги споделуваат на Twitter немаат никаква вредност и се глупости.

Анализата е извршена во двонеделен период, во кој истражувачите се „закачувале“ на Twitter секои 30 минути во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Тие собрале 2,000 пораки и ги распроделиле низ неколку категории: спам, вести, ре-твитови, разговорни пораки, глупости, промоција на себе си… Оценето е дека 40 отсто од пораките се глупости како „јас јадам сендвич“, 37 отсто се разговорми твитови, а само 8.7 отсто од пораките имаат некаква информативна вредност и тие пораки често се ре-твитуваат.

„Ако сакате да видите нешто ре-твитано тогаш вклучете се во понеделник.“ пишува Рајан Кели од Pear Analytics.

Оваа анализа одлично се надоврзува на фактот дека само дел од корисниците, т.е само 10% од нив, споделуваат вредна содржина на сервисот за микро-блогирање. (Повеќе статистика за Twitter тука)

Но оваа анализа има и друга поента. Twitter e јавен сервис, а тоа значи дека корисничките пораки можат да се анализираат без проблем и нарушување на приватноста, а со тоа може да се направи анализа на однесувањето на луѓето на друштвените мрежи. Од моето, а верувам и вашето искуство со Facebook, и таму ситуацијата со квалитетот и вредноста на пораките и споделените информации е иста. Квизови и игри се огромен дел од споделената содржина… Можеби се уште не знаеме што да правиме на тие друштвени мрежи. Oд друга страна, пак, можеби сакаме да читаме глупости.

Еве неколку интересни графикони за „Како би изгледал Twitter со само 100 корисници“ од InformationisBeautiful.net. Нивните слики покажуваат дека 20 луѓе се неактивни корисници, 50тина не твитнале воопшто во последната недела дена т.е се мрзливи, а само 5 се гласни и споделуваат пораки. Останатите се ботови. Исто така, 55% од корисницит на Twitter се жени, 45 отсто се мажи.

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments