Викендов заврши Светското првенство во најпопуларната стратешка игра со карти Magic the Gathering. Македонија која учествуваше на првенството влезе во топ-16, што е најголем успех на репрезентацијата. Успехот на македонската репрезентација, но и на останатите условно помали репрезентации е прогласен за топ 5 момент на настанот од организаторите.
Македонската репрезентација во Холандија беше во состав:
- Иво Нешковиќ,
- Мартин Наник,
- Миро Попов и
- Небојша Стаменков.
За жал, по поразот од Австралија, не се пласираа во најдобрите 8 репрезентации, но ова воопшто не го намалува постигнатиот успех.

Македонија vs. Канада Image Courtesy: Magic
Македонија ова и го прави на Канада?
Тоа е прашањето кое го постави коментаторот на мечот помеѓу Иво Нешковиќ и канаѓанинот Џејкоб Вилсон.
„Македонија е релативно малечка држава со популација од неколку милиони. Досега имаа само уште едно појавување на вториот ден на турнирот, но нивниот втор ден оваа година е топ 5 момент. Се натпреваруваа против Израел (капитен им е двојниот светски шампион Шахар Шенар); САД (со треторангираниот Овен Туртенвалд) и Канада (чиј капитен е Платинум Про Александар Хејн). Сите овие натпревари се Давид против Голијат, но Македонија излезе како победник на секој од нив.“, пишува на официјалната страница на Magic.
Светското првенство се одржа во Ротердам, Холандија, а светски шампион за 2016 е репрезентацијата на Грција.

Image: Magic







