Magic Leap има холограмска технологија, засега останува тајна

во Хардвер

Magic Leap е најверојатно најмистериозната компанија која има добиено инвестиција од околу половина милијарда долари, а за која не знаевме речиси ништо освен дека имаат револуционерна технологија за холограми. Интересно, иако директорот на Magic Leap, Рони Абовиц, беше на Reddit AMA, за да одговара прашања од корисниците за жал не дознавме речиси ништо повеќе.

Но, тоа што го дознавме, благодарение на дел од прашањата, е дека станува збор за уред кој е налик на HoloLens од Microsoft, со тоа што најверојатно не станува збор за истата технологија. Слично како HoloLens, и Magic Leap на корисникот ќе им презентира 3Д-објекти кои во реалноста не се присутни. Ако за HoloLens Microsoft навести дека објектите ќе бидат презентирани на стаклата на „очилата“, за Magic Leap за сега не знаеме воопшто како функционира, со исклучок на тоа дека во очилата има минијатурни проектори кои проектираат слики директно во очите на корисниците. Мозокот нема да може да направи разлика помеѓу реалноста и сликите кои ги презентира проекторот.

„Нашата визија за проширена реалност и виртуелна реалност е вистинско реплицирање на визуелната реалност“, вели г.Абовиц.

Компанијата веќе размислува на можни области на примена на Mаgic Leap, а покрај забавната индустија, видеоигри и филмови, работат и на апликации кои ќе ја зголемат продуктивноста, мапирање и комуникација,

Со оглед на тоа дека стануа во добар дел од примената се поклопува со HoloLens не изненадуваат прашањата, дали Microsoft или некоја друга компанија се обидела да го купи стартапот, иако г.Абовиц не одговори на ова прашање.

[youtube]w8J5BWL8oJY[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments