Google Play ќе прикажува промовирани апликации како реклами во пребарувачот

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

Google наскоро ќе додаде реклами на Google Play, односно збор за слична функција која корисниците веќе ја знаат од пребарувачот, односно препорачани апликации кога корисникот пребарува во Google Play.

„Постојано разгледуваме решенија кои ќе овозможат да ги презентирате апликациите пред нови потенцијални корисници. Затоа во следните неколку недели ќе започнеме со пилот-проект со спонзорирани резултати во пребарувањето по апликации на Google Play, што ќе ја донесе нашата експертиза во пребарувањето во продавницата“, вели Мајкл Силиски од Google Play на Android-developers блог. „Се надеваме дека рекламите при пребарувањето ќе бидат корисен додаток во Google Play за корисниците и развивачите и дека ова ќе донесе повеќе успех на развивачите“.

Спонзорираните резултати во пребарувањето ќе започнат да се појавуваат следните неколку недели и тоа до ограничен број на корисници и од огласувачи кои веќе користат Google Search Ads во своите апликации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] апликации во Add Store.  Ова пред повеќе од една година го направи и Google. За корисниците ова значи дека ќе треба да поминат […]