0 коментари 2 мин. читање 19 декември, 2013

Мac Pro е пуштен во продажба, но чини неверојатни 3.000 долари

Apple објави дека новиот Mac Pro со цилиндричен дизајн излегува во продажба. Компјутерот доаѓа со четири јадрен процесор Xeon E5 на 3.7 GHz, RAM до 64 GB и комбинација на две AMD Fire Pro во Crossfire со расположива меморија до 6 GB. Претпродажбата на MacPro започнува од денес, а веста на својот профил ја пренесе лично Тим Кук.

Целиот компјутер е дизајниран за перформанси, а тоа влијае врз цената. За верзијата која доаѓа со 12 GB RAM, dual Fire Pro D300 и 256GB SSD купувачите ќе треба да издвојат 3.000 долари, a за варијантата со 6-јадрен процесор и dual FirePro D500 која доаѓа со 16 GB RAM чини речиси неверојатни 4.000 долари. Поради моќните графички картички, компјутерите можат да работат со 3 монитори со 4К поддршка или 6 Thunderbolt монитори.

Со овие перформанси Mac Pro е еден од најдобрите компјутери кои им се достапни на професионалците на кои им е потребна моќ пред се за видео едитирање, 3Д моделирање и за фотографија. Но, иако хардверот е импресивен, шоуто сепак ќе го украде дизајнот на компјутерот кој за разлика од вообичаените кутии овој пат е цилиндричен и изгледа како R2-D2 oд Star Wars. Идејата зад ваквиот револуционерен дизајн е да се направи поефикасно ладење за моќниот компјутер. Куќиштето има само еден голем вентилатор на врвот, но е дизајнирано со „термално јадро“ низ кое проаѓа воздухот и ги лади деловите.

[youtube]IbWOQWw1wkM[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top