0 коментари 2 мин. читање 19 декември, 2013

Биткоините изгубија 50 отсто од својата вредност преку ноќ

Со само еден потег, вредноста на дигиталната валута биткоин падна за 50 отсто, на 540 долари. Падот го предизвика објавата дека најголемата кинеска берза BTC престана да прифаќа јуани поради новодонесениот закон против биткоините, известува Guardian.

BTC престана да врши трансакции со јуани бидејќи компанијата која беше посредник во плаќањето YeePay поради законите во Кина не може да продолжи да ја нуди оваа услуга. Кинеската централна банка одлучи дека биткоините не се доволно заштитени и поради ова нема вистинско значење. Биткоините не се нелегални во Кина, но Кинеската банка ги предупреди корисниците дека сами се одговорни за можните загуби.

Последниот пример покажува дека иако биткоин треба да биде целосно децентрализиран, сепак не е целосно независен од одлуките кои се носат во државите. Забраната за купување на биткоини со Јуани ги оневозможи кинеските инвеститори да купуваат од дигиталната валута, а со тоа се намали и интересот. Покрај ова, биткоините и пред овој пад не беа премногу стабилни.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top