0 коментари 1 мин. читање 22 март, 2013

Мac OS X тројанец вметнува реклами во страни прегледувани преку Chrome, Firefox и Safari

Нов тројанец, направен само за Mac машините на Аппле, инсталира лажни реклами (adware) кои се прикажуваат преку Chrome, Firefox и Safari на различни веб страници, дури и на Apple.com. Целта на тројанецот е да генерира пари од прегледите и кликовите на рекламите, открива The Next Web.

Руската безбедносна фирма Doctor Web го означи тројанецот како „Trojan.Yontoo.1“, и посочи дека овој вирус е дел од поголема adware стратегија забележана на почетокот на 2013-та година која го таргетира OS X.

Тројанецот се инсталира преку трејлери за филмови кои бараат плагин да се инсталира за да се прегледаат, преку медиа плеер или преку софтвер за подобрување на квалитетот на видеото. Штом се инсталира на машина, тројанецот го следите онлајн сурфањето на корисникот и ги праќа информациите на друг сервер кој пласира реклами преку трет код зависно од која страна се прегледува.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top