Спонзориран текст

iTrainer.hr, прв хрватски Apple Authorized Training Provider

Спонзорирано од iTrainer.hr

во Спонзорирани

Главниот град на Хрватска стана побогат со iTrainer.hr – првиот Хрватски Apple Authorized Training Provider. Во светот постојат 92 Apple Authorized Training Provider- и, а нешто помалку (42) се наоѓаат на стариот континент. Со овој потег Загреб се најде на Европската мапа од 28 градови каде што има можност да се научи сѐ за производите на Apple и да се стекне знаење и вештини за работа со SWIFT програмскиот јазик, кој што воедно е замислен за креирање на iOS апликации.

iTrainer.hr Apple Authorized Training Provider нуди можност за обука и работа во професионални програми за обработка на звук, слика и видео содржина, како и обука за водење и одржување на Apple-овите решенија во компаниите. Сите студенти кои што ќе ја завршат обуката на крајот добиваат сертификат за секој од завршените Apple тренинзи.

“iTrainer е остварување на долгогодишните напори да ја споделиме нашата заљубеност во технологијата на Apple по пат на достапно и квалитетно образование во рамките на Apple-виот екосистем.), порача на свеченото отворање Влатко Шкарица, директорот на компанијата “Mobilne komunikacije d.o.o”, и поранешен Apple-ов извршен менаџер за подрачјето на земјите од Балтичкиот регион, Адриатик регионот, Романија и Бугарија, кој што е воедно и сопственик на успешниот стартап Gooma, водечка Хрватска апликација за обработка на трошоци за службени патувања добитник на наградата “Moj Zaba Start” во 2016 година.

На воведното излагање Влатко Шкарица стави посебен акцент на SWIFT програмирањето, на тренинзите можат да присуствуваат и личности без никакво претходно програмерско познавање, млади и невработени, луѓе кои сакаат да напредуваат во кариерата и сите оние кои сакаат да здобијат со сериозни програмерски знаења и вештини. Шкарица појасни дека живееме во време на забрзани технолошки промени во кое дигитализацијата и автоматизацијата на работите и насекаде присутниот англиски јазик, се повеќе побаруваат знаење и искуство во програмирањето како предуслов на конкурентноста и успехот во пазарот на работна сила. Со практично сигурно вработување, знаењето на програмски јазик овозможува и пристап до глобалните пазари, а со тоа и поголема заработка, независно од местото на живеење, како и многу поголема флексибилност во планирањето на сопствениот развој и животен стил.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на iTrainer.hr. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk