Таман ќе помислиме дека сме виделе се од видеоигрите, ќе се појави нова игра која ќе не потсети зошто толку многу ги сакаме. Lumino City e креација на State of Play, мало студио од Лондон, кое за играта изработи три метарска макета од хартија, која се задвижува со помош на електромотори, а креираниот свет е огромен, пишува Verge.
„Толку уживав во креирањето на почетокот, што се шегував дека би можел да работам на ова три години“, вели Лук Витакер, немајќи идеја дека всушност дека толку време и ќе му биде потребно да ја заврши играта. Lumino City е продолжение на Lume, претходната игра од студиото, и продолжува од местото каде што претходникот застана. Станува збор за куса авантура во која играчот е во улога на Луми која треба да го истражи градот и да реши куп загатки за да го спаси Дедото – карактер во играта кој е киднапиран. Играчот решавајќи ги логичките загатки и следејќи ги трагите треба да и помогне на Луми да ги го пронајде „Дедото“ и да ги искуси убавините на прекрасно креираниот град.
Идејата за правење на макети не е оригинална, но ваквите иновативни решенија се единствена опција која им е оставена на помалите студија. Токму можностите за поинаква естетика во игрите, иновациите во гејмплејот и новите идеи се тоа што го прави инди игрите неверојатно интересни за дел од играчите кои се понаклонети кон ова отколку кон реалистичната графика. Lumino City ќе биде достапна од 3 декември 2014 на PC, Mac и Linux.
