Слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет се тема на десетата меѓународна конференција е-Општество.мк, која е закажана за 11 декември во Скопје.
Овие теми се клучни за денешницата бидејќи се почесто веруваме дека онлајн не важат правилата за однесување кои важат и во офлајн светот. Посебно говорот на омраза е нешто што може да се најде често о на Интернет, бидејќи луѓето што ја злоупотребуваат својата слобода на говор се скриени зад екраните, без страв дека некој ќе ги види. Омразата е огромен проблем за младите кои лесно потпаѓаат под влијанието на онлајн (не)културата бидејќи самите не можат да препознаат што е фер однесување, а што е говор на омраза; ниту да разберат за какви последици може да сноси.
На е-Општество ќе бидат претставени примери за злоупотреба на слободата на изразување, како и приватноста, и ќе бидат претставени препораки од разни експерти за како да се заштитат тие во иднина. Регистрацијата за настанот е во тек.
онференцијата се спроведува во рамки на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, а во соработка со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен и претставува продолжување на долгогодишната соработка на Метаморфозис и регионот Долна Нормандија во областа на човековите права.







