Дали се сеќавате на првото вирално видео кое сте го погледнале? За најголем дел од првите корисници на Интернет тоа е видеото на Вини Лакиарди, а без сомневање досега речиси секој го има прегледано.
Видеото е кусо и забавно. Вини седи во својотата кабина и работи нешто на компјутер. Набрзо ги губи нервите и започнува нервозно да чука на тастатурата. Откако не му помина, ја зема тастатурата и со неа почнува да удира по мониторот. По неколку секунди мониторот е на земја, а Вини оди да се допресмета со истиот. Во еден момент Вини погледнува кон камерата, па и тогаш луѓето можеби се сомневаа дека не станува збор за спонтано видео.
Ако мислевте дека станува збор за спонтано видео во кое вработен ги губи нервите, за жал ќе мора да ве разочараме. Вини ова видео го снимил заедно со соработниците во Loronix. Всушност видеото е една од снимките кои треба на потенцијалните клиенти на Loronix да им покаже како функционира DVR технологијата која ја развиваа.
Првото видео кое го снимија го покажа Вини Ликарди како краде од магацинот на компаниајта, а другите го фаќаат. За среќа, ова не беше единственото видеo кое го снимија. Г. Ликарди имаше идеја за незадоволен вработен и таа ја реализираа. Но, видеотото морале да го снимаат неколку пати, бидејќи на првата снимка се смеела сите. Неколку месеци подоцна ова беше едно од првите вирални видеа.
Но, во деведесеттите видеата не стануваа вирални толку лесно. Немаше друштвени мрежи и YouTube. Видеото се ширеше преку имејл пораки и форуми, а 354 х 240 видеото не се преземаше брзо. Денес 30 години по премиерата, видеото ја има загубено популарноста, но сепак мотивираше куп слични вирални видеа, кои сè уште се популарни, пишува Wired.
Ако ова не ви беше доволно, еве една подолга листа на корисници кои се незадоволни од своите уреди: