0 коментари 2 мин. читање

Хрватска ја доби првата е-спорт академија

Хрватската образовна институција Machina ја отвори првата е-спорт академија во Хрватска. Machina досега ги обучуваше своите ученици за развој на видеоигри, а отсега имаат можност да научат и за натпреварувачко играње, пренесе Netokracija. Ова е и прва академија за е-спорт во регионот.

„Кога Machina пред пет години започа како гејмдев академија, никој во Хрватска не се занимаваше со едукација за индустријата на видеоигри. Со отворање на е-спорт академијата правиме уште поголем чекор. Не само што сме први во Хрватска, туку ретки се примерите за вакви иницијативи и на светско ниво. Едвај неколку академии и универзитети нудат вакви програми“, вели г. Ловро Ноло, директор на Machina.

Желбата на основачите е новата академија да  биде првиот чекор во компетитивното играње за младите играчи. Сепак, основачите се свесни дека станува збор за сегмент кој динамично се менува, па едукацијата за е-спорт е поспецифична од досегашното искуство.

Секако како и за останатата едукација и тука има теорија и вежби.

„Тoчниот однос на вежби и класични предавања ќе зависи од содржината на самата игра. Hearthstone би имал повеќе предавања бидејќи е неопходно да се помине низ повеќе механики и карти за учениците да се запознаат со сè. League of Legends едукацијата ќе биде базирана на вежби и на тестирање на способноста на секој играч за некоја улога во тимовите“, велат од Machina.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top