0 коментари 1 мин. читање

Airbnb ги промовира „shithole државите“ на Трамп

Главна вест викендот беш гафот на претседателот на САД. Тој побара помалку иселеници од „по*рани“ држави, а повеќе на пример, од Норвешка.  Дел од државите кои не му се допаѓаат на г. Трамп се Хаити, Ел Салвадор и секако, неколку држави во Африка.

„2.7 милиони гости на Airbnb одлучија дека државите во Африка, Ел Салвадор и Хаити се доволно убави да ги посетите. Кога ќе го прифатиме светот, ја гледаме неговата убавина“, вели Брајан Чески директор на Airbnb.

Куќите во овие држави имааат 75.000 домаќини и досега заработиле над 170 милиони долари. Тој својата „преписка“ со претседателот на САД ја продолжи со уште неколку твитови со слики од прекрасните Хаити, пренесе Recode.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top