1 коментар 2 мин. читање 19 октомври, 2018

Лоши вести за техничките гиганти во Европа, Франција повикува на акција

Малите и средни компании во европските држави, пример Франција, Италија и Германија, плаќаат 14 процентни поени повеќе данок од гигантите како Google, Amazon или Apple. Ова не смее да продолжи, вели францускиот министер за финансии, Брунo ле Мер.

Министерот побара да се собере храброст и да се изнајде политичка волја за конечно да се оданочат овие компании. Листата на компании кои треба да платат повеќе данок. „Google, Apple и Facebook треба да плаќаат повеќе данок и време е за одлука“, вели г. ле Мер. Додавајќи дека законско решение постои, технологијата е тука, но нема политичка волја за носење на овие одлуки.

Законското решение предвидува големите компании со голема заработка од дигитални онлајн услуги да плаќаат 3 отсто данок на промет на нивните онлајн услуги во Европа, пренесе Reuters.

GAFA данокот предвидува сите компании кои заработуваат од податоците на корисниците или дигитален маркетинг да платат 3 отсто данок. Ова ќе се однесува на сите компании без разлика дали имаат или не, физичко присуство во државите. GAFA е кратенка и доаѓа од првите букви на дигиталните гиганти, Google, Apple Facebook, Amazon. Ова секако не значи дека законот нема да се однесува и на сите други компании. Според првите процени со данокот ќе бидат опфатени околу 150 американски, азиски, но и европски компании.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}