0 коментари 2 мин. читање 7 август, 2017

Лоши вести, за следната генерација на Intel процесор потребна е и нова плоча

Следната генерација на процесори од Intel, Coffee Lake, ќе бидат достапни оваа година. Лоша вест е дека ако сакате нов процесор ќе мора да купите и нова плоча. Веста за Tom’s Hardware ја потврди производителот на плочи и партнер на Intel, ASRock.

Според најавата од Intel процесорите ќе бидат достапни пред крајот на годината. Заинтересираните купувачи би можеле да ги очекуваат процесорите во периодот на новогодишните празници. Она што е најинтересно е дека Intel Core i5 и Intel Core i7 процесорите се најавени како шест јадрени. Најавите се дека ова е последна генерација процесори кои ќе доаѓаат со 14nm архитектура. Следната генерација Cannonlake процесори, треба да бидат првите 10nm десктоп процесори.

Ова секако не е добра вест за сите кои чекаа да го заменат својот процесор. Потенцијалните купувачи на Intel процесори ќе бидат приморани да платат повеќе, во исклучително проблематичен период за Intel.

По многу долго време AMD излезе со процесори кои се конкуретни. Ryzen 3, Ryzen 5, Ryzen 7 и Ryzen Threadripper се конкурентни, а дополнителен проблем за Intel е најавата на AMD дека до 2020 година компанијaта нема да менува слотови за процесорите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top