The Lord of the Rings Online конечно ги отвора портите кон Mordor

Помина една деценија од излегувањето на The Lord of the Rings Online и седум години како играта е бесплатна-за-играње. По пет исклучително квалитетни проширувања и префрлување на креативните обврски на друг тим, новото студио со стариот тим конечно е спремно да покаже на што работеле во изминатиот период.

The Lord of the Rings Online: Mordor ги благословува гејмерите со над 300 нови квестови и тоа на една од најпосакуваните територии за истражување. Во домот на ултра негативецот Саурон ќе наидете и на нов систем за сојузништво, можност за епски скок низ нивоата (Level boost) за да можете веднаш да се најдете на вулканското рамниште, нова елфска раса и неколку нови титули, како сосема очекуваната „навлегов во Мордор“.

The Lord of the Rings Online: Mordor излегува на 31.јули, а основната верзија ќе чини 36 евра, што е иста цена како и претходното проширување, насловено како Helm’s Deep (2013 година). Нормално, оние кои се спремни за поголема финансиска посвета ќе можат да уживаат во дополнителни козметички благодeти, новата High Elf раса и дополнителни слотови за ликови.

Експанзијата ќе можете да ја купите и од интерната продавница, директно од играта, но само по зимското надополнување и тоа по цена од 2495 LP. 1000 LP ќе треба да одделите само за елфската раса.

За други игри кои излегоа или ќе излезат месецов, прочитајте го нашиот извештај!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments