Зошто да ја играте?
- Фанови сте на експериментални игри каде единственото правило е дека нема правила
- Комплексен систем за готвење
- Бројни можности за заедничко дружење (или војување)

Од време на време, ќе се појави некоја игра која ќе проба да комбинира елементи и механики од неколку жанрови, надевајќи се дека забележително ќе го размрда жанрот и ќе понуди нешто ново на легијата од гладни фанови. Играта на Uuvana Studios е еден таков амбициозен проект. По долг период од од раниот пристап на Steam, играта конечно ја достигна 1.0 верзијата. Но, дали Longvinter ќе ви дозволи максимално да уживате во овој отворен свет за повеќе играчи каде што нема правила, или пак ќе ве исфрустрираат клучните механики поврзани со повеќе играчи.

Дом надвор од дома
Во теорија, Longvinter делува како интересна игра која ви дозволува да изградите камп или село, сами или со вашите пријатели. Потоа, полека, но сигурно, го истражувате огромниот свет, собирате ресурски, ловите риби, крафтате, и готвите. Играта ќе ви дозволи и да се борите со или против другите пријатели, овозможувајќи тензични можности каде сигурноста е во бројката, но на бројката не може да се верува.

Низ сево ова, мора да внимавате на вашата енергија, која се троши како одите, пливате или пак додека се борите. Оваа енергија се обновува со помош на одредено јадење или одмарање покрај огин. Комбинација на одвие две механики ви дозволува да се занимавате и со готвење, при што можете да правите најразлични оброци кои се одликуваат со разнолики ефекти. Подразбирливо, нема да можете се од еднаш да направите; за голем дел е потребно да барате и да учите рецепти.

PvP, PvE, или комбинација од двете?
Целосно водено од филозофијата „без правила“, развојното студио ви нуди еден вид радикална слобода која се манифестира во секој аспект од играта: од раширениот, рачно изработен свет кој е зрел за истражување, до сложените социјални динамики. Наместо традиционални потраги и линеарен напредок, вие имате за задача да создавате ваши патеки во нескротливата дивина на островот, овластувајќи ве да создавате ваши сопствени приказни и да ги следите вашите сопствени цели. Полесно кажано, отколку направено. Имено, отсуството на јасни цели и структуриран напредок може да биде поразително за играчите кои се навикнати на поупатливи искуства. Околината „без правила“, иако апелира на позабавна игра со неограничени можности, исто така може да доведе до нерамнотежни и потенцијално фрустрирачки PVP средби.

Но, доколку решите да пристапите на Longviter првин како самостојно искуство, ќе можете подобро да се спремите за некотролираниот хаос кој може да произлезе со вистинските играчи. Во идеални услови, играта сведочи за амбициозни дизајни, беспрекорно спојувајќи елементи од различни жанрови. Механиката за преживување е солидно осмислена и ви дозволува да работите на цврста основа поврзана со собирање ресурси, правење работи и земјоделство. Вклучувањето на содржината играч-против-играч (PVP) и играч-против-околина (PVE) додава слоеви на стратешка длабочина, нудејќи различни предизвици и можности за кооперативна и конкурентна игра. Како да ова не е доволно, имате на располагање над 500 уникатни предмети со кои можете да ја уредувате вашата опрема и бази.

На крајот на краиштата, Longvinter е смел експеримент во sandbox жанрот, нудејќи уникатно и потенцијално наградувачко искуство, но само доколку сте спремни за ричично играње и прифаќање на непредвидливата природа на останатите играчи. Понекогаш, знае да биде исклучително тешко да не украдете нешто што многу ви треба. :)




Повеќе детали за играта
- Произведува: Uuvana Studios
- Издава: Uuvana Studios
- Жанр: Survival
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 21 февруари 2025







