Зошто да ја играте?
- Фанови сте на уникатни пукачки игри во прво лице со невообичаен графички стил
- Брутална, висцерална борба
- Џезпанк саундтрак од Роланд Редвуд

Unbroken е брутална акциона авантура кое ве фрла во хаотичното кралство на Крестс Еџ, општество остро поделено по класа. Како ловец на глави, вашата задача е да се движите низ визуелно-зашеметувачки свет каде средновековната сиромаштија се судира со индустриската ера, борејќи се, притоа, со најразлични противници.

Изобилство од моќи, способности и оружја
Авантурата ја почнувате на висока нота уште во самиот почетокот, не чекајќи премногу за да го искусите исклучително бруталниот систем со битки. Потребно е да се молите на светилиштата кои ги откривате. На овој начин, ќе можете да го обновите вашето здравје, како и инстантно да се вратите на последното светилиште доколку умрете. Но секоја смрт чини еден благослов. Изгубете ги сите благослови и ќе бидете принудени да се вратине во последната сочувана состојба, што знае да биде много подалеку од последното светилиште. На овој начин, играта се има потрудено правилно да ве мотивира за да ја сфатите ситуацијата во која се наоѓате озбилно, да внимавате на секој ваш потег и на секој ваш удар со ногата.

Иако можете да користите различни оружја за напади, контра напади и фрлање на оружјето кон непријателот, најголемо задоволсто се извлекува преку удирате со стандардна или супериорна клоца. Со стандардно удирање непријателите можете да ги зашеметите, но доколку искористите нешто што играта го вика ресин – времето ќе се успори, а ударот ќе е толку силен да се што е удрено функционира како смртоносен проектил. Играта ви дозволува да експериментирате со ова и, надвор од џиткање противници, можете да фрлате и најразлични предмети, апсолутно уништувајќи се што ќе се најде во нивниот правец.
Секоја смрт, одново будење, или патување чини драгоцено време. На вас ви се даваат пет полни месечини да ја остварите вашата мисија
UnBroken e игра која бара вештина и брзи рефлекси. Во спротивно, нема далеку да стигнете во играта. Потребно е да напаѓате во последен момент за да изршите успешни контра напади, внимавајќи притоа и на таргетирање ранливи непријателски точки. Овие контра напади функционираат и при соочување со противници кои користат огнени оружја, принудувајќи ве да имплементирате неколку контра напади со вашето ладно оружје за да конечно успеете да им се приближите. Доколку сте доволно вешти, меѓутоа, правилно позициониран контра напад може да го одбие проектилот и да го насочи директно во главата на непријателот. Секојпат кога тоа ќе се случеше, се полневме со неверојатна еуфорија и желба за понатамошно напредување. Покрај ова, можете и да се залетите и да се лизнете под проектилот, добивајќи адреналински бонус.

Покрај ладни, ќе можете да користите и огнени оружја. Муницијата е реткост, оставајќи ве примарно да се потпирате на други начини за убивање. Но, во одредени места, целосниот фокус на користење огнени оружја нуди пријатно освежување кое целосно разбива секаква појава на монотонија. Непријателите се секогаш забавни, особено во моментот кога ќе ги убиете и ќе се резлетаат како да се направени од хартија.
Графиката е апсолутно прекрасна, со воодушевувачки висти и уникатно дизајнирани места кои ќе сакате целосно да ги истражите, не за да најдете скриено богатство туку за да ги откриете мрачните убави околу вас. Ова е игра која користи скромни, ретро инспирирани техники за да понуди преубаво визуелно искуство, со впечатливо прекршување на светлината, интригантен танц на сенките и суптилни разиграност на дрвјата. Аудиот делот никако нема да ве разочара, нудејќи динамични музички комбинации со инструменти кои прекрасно ја доловуваат уникатната ситуација во која се наоѓате.




Unbroken претставува ветувачко акционо-авантуристичко искуство со уникатен визуелен стил и богат свет. Класно поделеното опкружување на играта, висцералната борба и карактеристичната аудио-визуелна презентација создаваат привлечна атмосфера. Доколку не сте сигурни дали е ова игра за вас, топло препорачуваме да го проверите барем демото.
Повеќе детали за играта
- Произведува: MGP Studios
- Издава: MGP Studios
- Жанр: симулација
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 18 февруари 2025







