0 коментари 2 мин. читање 1 јули, 2015

Лондон ќе го добие првиот двокатен електричен автобус

Заштитниот знак на Лондон без која ниту една туристичка посета на главниот град не би била комплетна, црвениот двокатен автобус, наскоро би можел да стане „позелен“. Градот најави дека во октомври, започнува тестови со електрични автобуси, кои во иднина ќе ги заменат традиционалните автобуси на нафта.

Електричните автобуси се произведени од кинеската компанија BYD и во период на тестирањето ќе вози на една линија. Ова не е прв електричен автобус на улиците на главниот град на Англија, но досега се користеа единствено обични автобуси, проблем со двостпратните автобуси е ефикасноста при напојувањето, но кинеската компанија вели дека новата технологиа на батериите ќе овозможи поевтина батерија која ќе обезбеси ефикасна работа на овие автобуси. Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, најави тестови и за бежично полнење на автобусите, кои ќе се полнат секојпат кога автобусот ќе застане над местата предвидени за полнење.

Градот веќе има порачано 800 хибридни автобуси, но според Guardian, новите автобуси нема да можат да го задоволат новиот закон за квалитет на воздухот. Доколку тестовите се успешни не само што ќе се намали загадувањето, туку и ќе ја намалат бучавата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top