0 коментари 1 мин. читање

Кога не можеш да ги победиш, дај им на пиратите легална копија

Креаторот на безбедносниот софтвер Malwarebytes одлучни на покреативен начин да се справи со пиратирањето. Сите корисници кои на било кој начин дошле до клуч за активиација, без разлика дали преку измама или ги пронашле клучевите на некои од „warez“ сајтовите, ќе добијат легален софтвер и клуч кој ќе можат да го користат следните 12 месеци.

Клучот ќе ја отклучи премиум верзијата на антивирусот, а од компанијата се надеваат дека по истекот на „пробниот“ период корисниците ќе решат дека софтверот е добар и дека вреди да се издојат неколку долари годишно за негова легална активација. Доколки корисниците се одлучат да продолжат да пиратираат, Malwarebytes и онака нема да загуби ништо.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top