Logitech престави ново вертикално компјутерско глувче

во Хардвер

Компјутерските глувчиња се дел од хардверот или барем компјутерската галантерија чии изглед не е променет десетици години.

Секако имаше напредок. Од компјутерски глувчиња со топче, се префрливме на ласерски глувчиња. Се зголеми бројот на копчиња и резолуцијата. Добивме безжични глувчиња, но изгледот остана ист. Во минатото имаше некои различни експерименти, на пример „trackball“, но не го поминаа тестот на времето. Денес компјутерското глувче изгледа речиси идентично како она што го паметиме пред повеќе од 20, па и 30 години. Можеби токму ова е причината што секогаш кога ќе видиме некој малку поразличен уред веднаш ни изгледа и поинтересно.

Популарниот производител на компјутерски додатоци Logitech, оваа недела претстави ново вертикално глувче – Lift. Ова не е нов дизајн, но претходната „верзија“ MX Vertical е прескапа за најголем дел од купувачите. Ниту Lyft не е евтино глувче (чини 70 долари), но сепак ова е значително поевтино од 100 долари колку што е цената на MX Vertical.

Идејата зад двете глувчиња е да бидат ергономски, а притоа да не изгубат ниту дел од функционалноста. Клучно кај оваа форма е да се намали оптоварувањето на зглобовите, а притоа прстите да останат во природна положба. За подобро чувство при работа, и за подобро да „легне“ во рака, делот за држење е изработен од гума, и ја следи формата на дланката.

За разлика од стандардното глувче овде разлика за користење на глувчето со лева рака е значително поголема, па разликата помеѓу глувчето за лева и десна рака е лесно забележлива. Глувчето се поврзува преку USB-A порта, а со само една батеријата има време за работа од 24 месеци. За жал нема можност за полнење, па тоа значи дека корисниците ќе мора да купуваат батерии, иако тоа ќе биде еднаш на две години.

Што се однесува до функционалноста, Logitech Lift има баш она што го очекувате од стандардно компјутерски глувче. Две копчиња (лев и десен клик), скрол тркалце, копче за промена на резолуцијата и две дополнителни копчиња кај палецот. Како и најголем дел од глувчиња на Logitech доаѓа со поддршка за Logitech Flow. Оваа функционалност овозможува едно глувче истовремено да се користи на повеќе компјутери. Дополнително освен што може да се користи на повеќе компјутери софтверот овозможува и поедноставно префрлање на фајлови од еден на друг компјутер само со „drag & drop“. Секако за ова главно е одговорен софтверот.

За жал немаме идеја кога и дали воопшто Lift ќе биде достапен во Македонија. За повеќе детали може да ја погледнете страницата на Logitech.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments