3 месеци Spotify Premium за 0 денари!

во Вести

Веќе подолго време како Spotify e достапна во Македонија – одлична алатка со бројни можности за стриминг на илјадници песни. За оние кои никогаш не ја пробале алатката, на располагање имаат три месеци бесплатно користење на премиум услугите. Оние што претходно биле претплатени, добиваат три месеци за 300 денари!

И бесплатната и платежната опција на Spotify се исклучително ценети од корисниците. Бесплатната верзија ви дозволува неограничен стриминг на песни, повремено прекинат со реклама-две, како и ограничени можности за прескокнување песни. Споредено со YouTube Music, Spotify ви дозволува екранот да ви е заклучен додека стримате песни, со што значително се заштедува на батеријата.

Spotify Premium ги отстранува сите реклами и, покрај стриминг, ви дозволува и да преземате песни, како би ги слушале без потреба од интернет. Како што напоменавме, доколку некогаш сте користеле Spotify, можете без проблем да си се претплатите на три месеци за само 300 денари. Или, да креирате нов акаунт па преку тој да си зграпчите три месеци. Но, така, нема да имате пристап до омилените песни од претходниот акаунт, туку почнувате од нула.

Ваквата промоција е ретка и обично се случува еднаш годишно. Дефинитивно искористете ја!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Концептива

2D Game developer – Unity

Matrix IT Global Services Macedonia

Junior QA

Matrix IT Global Services Macedonia

BI Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk