Автомобилите во иднината треба да доаѓаат со уред кој ќе и овозможи на полицијата да ги запре возилата, вели документ од Европската Унија. Во делот за „Далечинскo запирање на возила“ на документот на Советот на Европа се вели дека ваква мерка е неопходна бидејќи прекршителите на законот кои се во бегство се опасни за граѓаните во сообраќајот, а полицијата нема вистински начин да ги запре без дополнително да ја ризикува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Останува нејасно како би се гасел автомобилот, иако и самата комисија не се сомнева дека развојот на технологијата ќе биде во подолг временски процес, кој би вродил единствено со стандардизација на уредот кој ќе се инсталира во возилата. Засега нема најава дека се работ на слична технологија, а најрано вакви уреди би можеле да се појават на патиштата во Европа за десетина години, велат извори на BBC. Документот во кој се појави барањето за „Далечинско запирање на возилата“ е на барање на Enlets, европска мрежа на технолошки сервиси на безбедносните власти, кој е дел од Работната група за спроведување на Законот во Советот на ЕУ.







