Lily е беспилотно летало кое овозможува едноставо снимање на квалитено видео. Корисникот едноставно ја фрла камерата во воздух по што дронот го следи и снима неговото движење. Камерата е водоотпорна, лесно се пренесува и може да снима видео со 1080р квалитет при 60 FPS или забавено 720р и 120 FPS. Овозможено е и фотографирање со 12 МР. Дронот на кој е прикачена камерата може да го следи корисникот 20 минути (толкав е капацитетот на батеријата), на висина од 1,75m до 15m. Брзината на движење на дронот, а со тоа и камерата е максимални 40 km/h. Слободниот простор кој е оставен на располагање е 4 GB, но постои можност за проширување со SD картичка.
Lily доаѓа со апликација со која може да се променат нагодувањата, да се фотографира преку камерата или да се до-обработат и споделат снимените материјали и фотографии. Камерата доаѓа впарена со дополнителен додаток за следење кој го носи корисникот и преку кој се овозможува следењето.Во моментов Lily е достапна во претпродажба и чини 500 долари, по крајот на овој период цената ќе се зголеми двојно и ќе биде достапна за 1.000 долари.







